Вонредна седница на советот на општина Куманово по повод трагичниот настан во Романовце

0
83

Советот на општина Куманово денеска ќе одржи вонредна седница по повод вчерашниот трагичен настан во село Романовце, информираа од општина Куманово. Седницата е закажана за во 13:00 часот.

Вчера, на клиникатa во Скопје почина и 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба по експлозијата на плинска боца во семејна куќа во Романовце. Ова е четврт смртен случај.