Во Гостиварската болница само три кревети за коронавирусот Шпанија

0
71

Ова е изолираната соба на инфективното одделение при гостиварската болница, каде евентуланите случаи заразени од Корона Вирус би се згрижиле и лекувале. Во просторијата има само три кревети, а целото одделение располага со тројца инфектолози,

Од персоналот ни истакнаа дека деновиве голем број пациенти со обраќаат за помош кај нив, по информацијата дека вирусот стигнал во Италија, каде голем број од жители од овој крај се на печалба во северниот дел на Италија. Засега велат се регистрираат лица заразени само од сезонски грип.

Од Штипската клиничка болница, се уште немат добиено писмено известување за обезбедување карантин во случај на појава на Корона Вирус.

Директорот на гостиварската болница Јакуп Јакупи, вели дека собата на инфективно со три кревети е одредена за поединечни случаи, но во случај на помасовна појава, целото инфективно одделение ќе биде одредено за давање на првична помош на лица со сомнителни знаци на Корона.

Во меѓувреме додека населението стравува од вирусот, аптеките ги немаат потребните средства за првична заштита.

Од Гостиварската болница велат дека засега болницата е обезбедена со заштитни маски и други потребни средства.

Одредени статистики, говорат дека околу 10 000 жители од полошкиот регион се на печалба во Северна Италија.

Извор Телма