Вухан низ фотографии: Секојдневниот живот под карантин

0
78

Кинескиот град Вухан, во кој живеат 11 милиони луѓе, изгледа како град на духови со празните улици и безбедносните мерки, покрај болниците специјално изградени за само неколку дена.

Бројот на луѓе кои починаа од вирусот познат како 2019-nCoV во Кина се покачи на 425, додека над 20.000 луѓе, меѓу кои има и бебе, се заразени. Пријавени се и случаи на заразени во други земји како Канада, САД, Австралија, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Обединетото Кралство, Германија и Франција.