Вo понеделник нова средба на работните групи за законот за ЈО

0
67

Повикот на министерката Рената Дескоска да се достават амандмани на Предлог законот за јавно обвинителство до денеска напладне, не ги размрда сите партии. Дел дале забелешки уште на вчерашната средба на работната група, дел пак, бараат дополнително време.

„Некои пратенички групи замолија за дополнително време за формулирање на амандманите, заради обврските кои ги имаат со Жан Моне дијалогот. Заради доверба на процесот нема да откриваме кои се подносителите“-изјавиа од Министерство за правда.