Генерален штрајк на островите од северниот дел од Егејското море

0
126

Со генерален штрајк и протести одговараат жителите на островите од северниот дел на Егејското море, на одлуката на грчката влада да започне со изградбата на затворените центри за бегалци и мигранти, но и за, како што велат, „апсурдното насилство на полицијата“ јави дописничката на МИА од Атина.

– Затворено поради предавство“, пишува на вратата на продавница на Лезбос, а на островот, како и на Самос и Хиос, денеска сите ставија клуч на врата, со оглед на тоа дека во генералниот штрајк учествуваат државните служби, рестораните, таверните и кафулињата, стопанската комора, како и трговците. Жителите напладне ќе одржат протести и на централните плоштади и на локациите каде што започнува изградбата на затворените центри.