Германија: Мировна награда за Заев и Ципрас

0
92

За својата дипломатска умешност во решавањето на спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со престижната Мировна награда на Вестфалија за оваа година.

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за оваа година.

Меѓународното жири во образложението на наградата истакнува дека двајцата одликувани постигнаа спогодба во деценискиот спор околу името „Македонија“ со „врвна дипломатска вештина“. Без поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас, „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион’, изјави вчера претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан.