Голема полициска акција во Крушопек

0
100

Во тек е голема полициска акција во скопското село Крушопек, при што на мета се дилери на кокаин, дознаваме од неофицијални извори.

Во акцијата е запленет кокаин, но за колкаво количество се работи, засега не е познато, но се шпекулира дека е околу 1 тон.

Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.