Грција ја превзема иницијативата по ставот на Макрон, Димитров заминува во Солун

0
102

Министрите за надворешни работи на земјите-кандидатки за Европската унија од Западен Балкан, меѓу кои и Никола Димитров, ќе се состанат во Солун во понеделник. На собирот ќе бидат присутни и шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ од регионот, на Грција, Хрватска (која моментно претседава со ЕУ), Романија и Бугарија. Разговорите треба да се фокусираат на изгледите на шесте земји кандидати – Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово – во светло на неодамнешната промена на ставот на францускиот претседател Емануел Макрон за прашањето за проширување на ЕУ, објави Катимерини.

Задоволен од фактот што новите правила ќе вклучуваат „условеност“ и „реверзибилност“ во процесот на проширување, Макрон рече дека е подготвен да го укине ветото и да даде зелено светло за преговорите со Скопје и Тирана, под услов Комисијата да даде позитивна препорака во март. По неформалната средба на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со шесте лидери на Западен Балкан (на која присуствуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен) со цел да се спроведе „искрена, интензивна и отворена дискусија“, иницијативата сега е во грчки раце.