Грчки медиуми: „И официјално оди кон избори Северна Македонија“

0
77

Грчките медиуми за распуштањето на Собранието

„Распуштено Собранието во Северна Македонија“; „Северна Македонија: Предвремени парламентарни избори на 12 април“; „И официјално оди кон избори Северна Македонија“; „Северна Македонија: Распуштено Собранието – предвремени парламентарни избори“, се дел од насловите во грчките медиуми, кои ја пренесуваат веста објавена од грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот на АНА-МПА, пишува дека за распуштањето на Собранието „гласаа пратениците од сите партии“ и дека изборите ќе се одржат на 12 април 2020 година.

-Одржувањето предвремени парламентарни избори, побара минатиот октомври, тогашниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, по одбивањето на Европскиот совет да започнат пристапните преговори на Европската унија со Северна Македонија, пишува грчката новинска агенција.

Паралелно, во посебни извештаи, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајнен, за време на неформалната работна вечера во Брисел за Западен Балкан.