Данев: Во овие три години, ние не видовме „р“ од реформи

0
73

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во синоќешното гостување на „24 Отворено“ на ТВ 24, најави дека на 12 април опозицијата ќе ја преземе власта и ќе направи сериозни реформи во многу сфери во општеството.

„Во овие три години, ние не видовме „р“ од реформи во делот на правосудството. Таква е и перцепцијата на граѓаните. Оваа држава мора да има правда и врз нејзина основа да се темелат реформи во економија, финансии, образование, здравство“, истакна Данев.