Да се прекине со незаконскиот штрајк, апелираат од Железници на РСМ

0
80

Со бојкотот машинскиот персонал бара зголемување на надоместот за квалитет на работа од 30 на 40 проценти.

Со оглед на тоа дека машиновозачите и помошниците индивидуално прекинале со работа, индивидуално и ќе треба да се изјаснат дека прифаќаат или одбиваат да ги извршуваат работните задачи, велат од Железници на РСМ на тврдењата на претставници на машинскиот персонал за притисоци и оти им било побарано поединечно да се изјаснат дали ќе ги исполнуваат работните обврски.

Од Железници на РСМ Транспорт денеска повторно апелираа до машиновозачите и помошниците да прекинат, како што изјавија оттаму, со незаконскиот штрајк што трае веќе три дена, бидејќи со тоа нанесуваат огромна финансиска штета на компанијата, но и на стопанството.