Движењето “Антикоцкање” ги повика политичките партии да го поддржат предлог законот за игри на среќа

0
79

Во пресрет на утрешната комисиска расправа во Собранието, за предлог-законот за игри на среќа, кој предвидува сите казина и обложувалници да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населени места, од движењето “Антикоцкање” ги повикаа политичките партии да го подржат законот, за народот да се спаси од коцкањето.

Од асоцијацијата на спортски обложувалници во Македонија пак, деновие излегоа со реакција дека со усвојување на новиот предлог закон, без работа ќе останат седум илјади и 700 луѓе, кои сега се вработени во спортските обложувалници и во казината.