Дебарчанец уапсен поради хероин

0
86

На 25.02.2020 околу 15.00 часот на улица „Вељко Влаховиќ“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица Дебар го лишиле од слобода Б.К.(28) од Дебар. Полициските службеници запреле автобус со струшки регистарски ознаки, со кој се превезувал Б.К., и при преглед кај него бил пронајден хероин. Тој бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.