Димитров бара разрешување на Мизрахи поради непочитување на „Северна“

0
85

Шефот на дипломатијата Никола Димитров реагира за начинот на кој техничката министерка за труд, Рашела Мизрахи, ги држи прес конференциите, пред табла на која го пишува старото уставно име, односно Република Македонија. Бара премиерот Оливер Спасовски да ја разреши од функцијата.

„Мислам дека ќе биде премногу од министерката Мизрахи да очекуваме да го разбере историското значење на Преспанскиот договор за афирмација на македонскиот идентитет, за заокружување на државноста во Обединетите Нации, за зачленувањето во НАТО и за започнувањето на пристапни преговори со Еврпската Унија. Таа е должна да ја разбере сопствената заклетва потпишана во Собранието и сопствената функција – Министер за труд и социјална политика во една техничка влада. И секако, да разбере што значи Устав на една држава“, рече Димитров.