Дрита Ислами урна рекорд стар 40 години!

0
83

Нов македонски рекорд на атлетските патеки, во дисциплината 400 метри Дрита Ислами оствари резултат од 56.35 секунди.

Националниот рекорд го освои на својот настап на Националното првенство за сениори во сала кое се одржа викендов во Софија.

Честитки за нашата Дрита Ислами, после 40 години срушен рекорд на Елизабета Божиновска !

-Во својот настап на Националното првенство за Сениори во Сала кое се одржува овој викенд во Софија / Бугарија, нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами го собори националниот рекорд на Македонија на 400м со време 56.35 сек , рекорд стар 40 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Елизавета Божиновска, кој претходно изнесуваше 56.49 сек.Иако ова не е нејзината главна дисциплина, најавува одлична претстојна сезона за неа, и очекуваме исполнување на норма за учество на Еврооското Првенство во нејзината специалност 400 метри со пречки, истакнаа од Атлетската федерација на Македонија