Еден од убиените во казиното „Вегас“ е борачот Нуиши

0
109

Рано утрово околу пет часот, четири вооружени и маскирани лица со автоматски пушки влегле во казиното Вегас лоцирано на патот од Скопје кон грараничен премин Блаце, во кое сеуште имало гости. Прв кој им се нашол на патот на ограбувачите бил 22 годишниот В. Х. државјанин на Косово кој во мешаницата, бил убиен со огнено оружје на лице место. Откако напаѓачите ги земале парите од казиното, човек од обезбедувањето, 20 годишен жител на Крушопек, се обидел да му ја тргне маската на еден од напаѓачите при што бил удрен со кундакот од пушката и убиен.