Едно лице со закана со пиштол се обидело да одземе пари во билетара на ЈСП во близина на Зелен пазар

0
96

Вчера во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во билетара на ЈСП во близина на Зелен пазар на ул.„11 Октомври“, едно лице со закана со пиштол се обидело да одземе пари од вработената З.Д.(60) од Скопје, но не успеало во намерата. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.