Екипите од општина Карпош на терен – се очекува посилен ветер и снег во попладневните часови

0
89

Како резултат на силниот ветер, се отстрануваа скршени гранки и паднати дрвја во повеќе населби.

Според соопштението од Општина капрош на терен работат сите хигиеничари, како и расположливата механизација.

Општина Карпош контактираше и со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) при што, и во попладневните часови денеска се очекува посилен ветер проследен со врнежи од снег.

Упатуваме апел до сите граѓани, да не ги паркираат своите возила под големи крошни од дрвја, како и да избегнуваат присуство на отворено.