Експлицитни содржини од јавна соба „шетаат“ по порнографски сајтови

0
677

Полицијата потврди за Канал 5 дека слики од девојки од јавна соба на телеграм се објавуваат на популарни порнографски сајтови, но и оти секторот за компјутерски криминал реагира и истите се отстрануваат.

Дека сликите ,,шетаат,, на интернет страници за возрасни потврдува и еден албум прикачен од непознат корисник, а меѓу фотографиите има и телефонски броеви од профили на девојки оставени на социјални мрежи.

Истрагата за јавна соба и натаму трае, од обвинителството последно е дека го чекаат вештачењето на телефонот на креаторот на групата со кодно име МЕДО. Неизвесно е колку ќе помогне ако од ,,правилата на игра,, на Телеграм е познато дека кога креаторот го брише профилот, автоматски исчезнуваат и сите контакти поврзани со членовите од групата.