ЕК БАРА ДА НЕ СЕ ПОЛИТИЗИРА И ДА НЕ СЕ ШИРАТ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

0
83

Драстичните мерки на италијанските власти за коронавирусот предизвикаа паника кај голем дел од европското население, Европската Комисија бара секоја одлука да се заснова на научни докази.

-Од блиску ја следиме ситуацијата во Италија, овој брз развој на настаните покажува колку бргу се менуваат работите, ситуацијата во Италија предизвикува загриженост и покажува колку е важно земјите членки на ЕУ да бидат подготвени доколку се појави слична ситуација, изјави утрово европската комесарка за здравство, Стела Кириакидис.

Во Италија, меѓутоа, последните случувања послужија и како политичка платформа за популисти како поранешниот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, да повикаат за спречување на миграцијата, патувањата и воведување гранични контроли во Шенген зоната.