Ердоган: Нема да се повлечеме од Сирија – овде не сме гости, туку домаќини

0
91

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган повтори дека повлекување на турските сили од сириската провинција Идлиб не доаѓа предвид, а на силите на сирискиот колега Башар ал Асад им даде ултиматум да се повлечат зад линијата на турските точки на набљудување.

-Нема да отстапиме во Идлиб. Ние не сме гости во ова царство, ние сме домаќини, истакна Ердоган.

Ветувајќи дека нападите ќе го доведот „режимот“ пред колапс, Ердоган рече дека Анкара му дава на Дамаск уште малку време за да ги повлече силите од турските точни на набљудување, но тоа време истекува на крајот на месецот.