Жан Моне“ го пролонгира пишувањето амандмани за законот за јавно обвинителство

0
87

Tретиот дијалог во рамки на „Жан Моне“ процесот во Собрание го пролонгира доставувањето на амандмани за предлог-законот за јавно обвинителство. Дијалогот во кој учествуваат и тројца европратеници, а се однесува за промени во собранискиот Деловник завршува денеска и тоа било причината дел од пратеничките групи да побараат дополнително време откако вчера на состанок со министерката за правда Рената Дескоска беше договорено амандманите да се испратат денеска до 12 часот.

„Некои пратенички групи веќе доставија амандмани, а некои замолија за дополнително време за да ги формулираат заради обврските кои ги имаат со ‘Жан Моне’ дијалогот“,

велат од Министерството за правда.

Во понеделник, како што вчера најави и Дескоска, најавуваат дека најверојатно ќе се одржи нова средба.

Министерката вчера рече и дека некои од пратеничките групи ги доставиле своите забелешки и амандмани уште во текот на јавната расправа која се одржа во вторникот и средата во Собранието, а за некои рече дека на вчерашниот состанок ги изнеле ставовите кои треба да ги предадат и во форма на амандмани.