Жестока дебата Курти – Вучиќ во Минхен

0
130

Заедничкото учество на иста маса во Минхен со српскиот претседател Александар Вучиќ, Премиерот на Косово, Албин Курти, не го смета за официјална средба. Дискусијата се одржа на маргините на Меѓународниот форум за безбедност, кој започна со работа во петокот во Минхен, со учество на околу 35 шефови на држави и влади. Запрашан да ја коментира дебатата зад затворени врати, за која Вучиќ рече дека била „жестока“, Курти во изјава за „РСЕ“ рече дека не сака да дава детали, повикувајќи се на правилата на организаторот на панелот, дека не дозволува ставовите на учесниците да бидат објавени јавно. Сепак, Курти призна дека имало тензии на тркалезната маса. Вучиќ рече дека се сретнал со Курти во Минхен и дека средбата била „жестока“. Тој рече дека „ја зборувал вистината“ и го бранел српскиот народ „на најдобар можен начин“, но исто така истакна дека не сака да го лаже српскиот народ дека Косово ќе биде нивно.