Заев: Законот за јавно обвинителство – услов за распуштање на Собранието

0
77

СКОПЈЕ – Собранието ќе работи се додека не се изгласаат Законот за обвинителство, протоколот за НАТО и Законот за одбрана, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и ја вжешти и онака комплицираната ситуација околу носењето на Законот за ЈО откако преговорите меѓу работните групи запреа.

Според Заев, законската рамка во која стои дека Собранието може да се распушти во периодот од 45 до 60 дена пред одржувањето на изборите кои се закажани за 12 април, дава можност за дополнителен рок за преговори. Тој е дециден дека избори сепак ќе има.