Заев: Имавме чисто гласање, на потег е ЕУ!

0
79

Имавме чисто гласање со 80 пратеници. Сето тоа се одвиваше пред македонската јавност и секој можеше да види дека после процедуралните обраќања пратениците имаа можност да гласаат. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ не се одважи и не гласаше за европска иднина.“ – изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, на прес-конференција по усвојувањето на Законите за обвинителство и одбрана.

Порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обидувала да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство за да ги спаси од одговорност нејзините функционери, бидејќи како што рече, со него се гарантира судска разрешница за сите предмети започнати од СЈО.

„Извршителот Мицкоски направи се за да го спречи носењето на овој закон и да одбрани криминал. Но, не дозволивме да се загрози европската иднина за нашата земја. Тие еден чекар назад, ние три напред.“

– изјави лидерот на СДСМ.

Тој ја повика меѓународната заедница да ги препознае заложбите за почеток на преговори, посочувајќи дека иако законот за јавно обвинителство не бил услов за добивање датум, државата сепак покажала волја за реформи.

„Почитувани лидери на земјите членки на ЕУ ние нашите ветувања ги исполнуваме, време е и ЕУ да ги исполни своите.“

– порача Заев.