Заев и Касами си дадоа „беса“ за заеднички настап на изборите – контра Мицкоски и Ахмети

0
107
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, им посака среќа на СДСМ и Беса на изборите и рече дека се мали шансите и тој да формира предизборна коалиција со партија на Албанците.
Беса, која на изборите во 2016 година освои пет пратенички места и близу 58 илјади гласа, одби да партиципира во владата што во првата половина на 2017 година ја формираа Заев и Ахмети.

Досега владејачкиот СДСМ и опозициската Беса ќе настапат заедно на десеттите парламентарни избори во земјава, согласно договорот што денеска го потпишаа партиските лидери Зоран Заев и Билал Касами, така што нивни главни противници во изборниот ринг ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

За разлика од владејачката ДУИ, која се определи за самостоен изборен настап, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави проширување на опозициската коалиција, но не по „теркот“ на социјалдемократите, туку со други партии од т.н. македонски политички блок.