Заев: Нашите ветувања ги исполнивме, време е и ЕУ да го исполни своето!

0
85

Заев го поздрави носењето на законот, но и ги обвини пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дека со тоа што не гласале – се изјасниле против правната држава и европската иднина на земјава.

Во говорот од партискиот штаб лидерот на социјалдемократите се обрати и до ЕУ. Нашата земја ги исполни своите обврски,а сега на потег е Унијата, рече Заев.

Заев на изборите на 12ти април ќе бара нов, чист мандат, за како што кажа вистинска и неселективна правда, одговорност за тие кои ги прекршиле законите, за напредок, евроатланска перспектива.

За утре најави и марш под мотото „Чекориме за правда.“ Маршутата ќе биде од Собранието до судот.