Заев: Собранието нема да се распушти без гласање за нов Закон за обвинителство

0
83

Можно е Собранието да продолжи да работи и по 12-ти февруари. Доколку законите за Јавно обвинителство, Протоколот за НАТО или Законот за одбрана не стигнат до гласање, пратениците продолжуваат со работа.

Кога ќе се гласа во Парламентот законот може да се донесе или да не се донесе, друга опција нема. На 12 февруари треба да се распушти, ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира или на било кој начин неговото донесување односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти бидејќи носењето на Законот за Јавно Обвинителство како и протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони, се дел од агендата која ја договоривме. Ако некој го прекрши тоа, тогаш нормално дека распишувањето на изборите и распуштање на парламентот нема да се случи. Парламентот се распушта од 45 до 60 дена, значи имаме еден бафер од 15 дена тука за распуштањето на парламентот и распишувањето на изборите како што Законот и Уставот тоа го даваат, но јас верувам дека се ќе биде завршено на 12 февруари“, рече Заев.