Заев: Убеден сум дека Делчев е горд на нашето остварување кога ја направивме нашата земја членка на НАТО

0
80

На денешен ден, 4-ти февруари е роден големиот македонски револуционер Гоце Делчев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека визијата на Делчев е мост кој ги поврзува сите народи.

„Денес, на 4 февруари, на денот на раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме и величаме еден од најмаркантните херои на македонската државност.

Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција. Неговата визија денес станува мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа.