Законот за ЈО ја помина собраниската комисија, следува на пленарна седница

0
76

Законот за јавно обвинителство и законот за совет на јавни обвинители помина на комисијата за европски прашања и сега треба да оди на пленарна седница.

Комисијата европски не го прифати амандманот на Aлијансата на Aлбанците, со кој бараа во новиот закон за јавно обвинителство – незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30 јуни 2017 година. А амандманот на пратеникот Панчо Минов не бил уредно доставен. Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски пушти аудио снимка од укажувач, наводно како Заев му помагал финансиски на Боки 13 за телевизијата и затоа. Според Милошоски со членот 110 се правело скриена амнестија. Министерката за правда Рената Дескоска го повика Јавното обвинителство ако има случај да реагира.