Запален автомобилот на обвинител во Кичево

0
93

Aвтомобил на јавен обвинител во ОЈО Кичево изгорел откако во гаражата во семејната куќа била фрлена експлозивна направа која го предизвикала пожарот.

„Вчера околу 19 часот со експлозивна направа е предизвикан пожар во помошна просторија од семејна куќа на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево. Експлозијата оштетила патничко моторно возило ‘сеат леон’ кое било паркирано во просторијата и е во сопственост на јавниот обвинител“,

соопштија од Обвинителството.

Ова не е прв напад кон обвинителот. Пред повеќе од еден месец со нож биле исечени гумите на истото возило. Засега нема информации кој е сторителот и дали ваквите два напада се поврзани.