“Земи ја книгата Зоки Поки и читај”, ова насока ја добил советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Лазаров, од Кирил Божиновски за одложување на седницата во Центар

0
77

Томислав Лазаров, поранешниот советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, а сега вработен во АД Мепсо, сведочи на денешното рочиште за случајот “Насилството во Центар”.

Тој беше обвинет во случајот, но по признание на вина во ноември 2017 година беше осуден на шест месеци условна казна. Тој тогаш истакна дека се чуствува виновен и дека од оваа временска дистанца се кае за направеното.

По покана на обвинителството, тој сега е повикан во улога на сведок.

Лазаров рече појасни дека се формирало движењето “Веритас” за одбрана на рушењето на црквата Св. Константин и Елена.