Иборите ја попречија реформата на администрацијата

0
95

Резултатите од ветувањата во јуни 2017 година на Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, дека ќе има реконструкција во администрацијата нема да ги видиме во овој мандат на владата. Според министерот, реформите се попречени од изборите на 12 април, односно од мораториумот за активности од овој тип пропишан од Изборниот законик.

– Нема да има отпуштања од државната администрација, туку ќе има реконструкција за поголема ефикасност – изјави Манчевски на 11 јуни 2017 година, кога ги најави реформите во администрацијата, меѓутоа, сега вели дека ветените резултати ќе се видат по изборите и покрај тоа што има изјавено дека „граѓаните ќе може да ги видат реформите до крајот на 2019 година“.