Избрани четири нови судии во Врховниот суд

0
78

По разрешената тројка во Врховен, судот доби нови четири судии. Мирјана Лазарова Трајковска и Сафет Кадрии во највисокиот суд ќе судат на предмети од кривичната област. Наке Георгиев и Лидија Мартинова во граѓанска. Лазарова Трајковска и Кадрии едногласно беа избрани. Трајковска од 2003 до 2008 година беше уставен судија, по што беше избрана во Европскиот суд за човекови права, а совевремено беше и претседател на една од петте секции на Судот во Стразбур. Кадрии доаѓа од скопска Апелација, каде е и портпарол на судот. Георгиев е шеф на штипска Апелација, а Мартинова е од скопска Апелација. Не беа избрани осум кандидати за врховни судии. За првиот човек на Судскиот совет изборот на врховните судии кои доаѓаат од скопскиот Апелационен суд нема да влијае за овој суд.