Истрага за косовски државјанин кој се обидел да се внесе кокаин во затворот Идризово

0
119

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа “Идризово” во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено заради пренесување држел наркотична дрога – кокаин со нето маса од 89,96 грама.