Камион „ивеко“ излетал од пат, возачот тешко повреден

0
73

Товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф. (56) од село Стримница, вчера излетало од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за село Ростуше.

Според МВР, возачот бил тешко повреден и пренесен во Клиничката болница Тетово.

Случајот е пријавен околу пладне по што екипа од Полициската станица Гостивар извршен увид на местото на несреќата.