-Ние како политички субјект сме во исчекување Алијансата за Албанците да го одржиме зборот и да се организира средба помеѓу трите партии, рече Касами. Тој ги обвини Алијансата за Албанците и Алтернатива дека не комуницирале директно со нив за евентуален договор за заеднички настап на изборите на 12 април. Тој додаде дека повиците за трипартитна коалиција преку медиумите биле тактизирање и политичка игра.
– Ние и понатаму очекуваме Алијансата да опстои на дадениот зборот на почетокот, да седнат трите партии и да дискутираат заеднички за модалитетите на евентуалната соработка- рече Касами.
На прашањето дали Движењето Беса може да коалиционира со СДСМ во случај да добијат понуда, Касами рече дека доколку има понуда, тогаш Централното раководство ќе одлучи за таквата евентуална понуда