Килограм кокаин за Македонија- тон не се знае каде е

0
74

Во еден пакет банани, еден килограм кокаин. Ова е количината по која македонската полиција тргнала и ја нашла во скопското село Крушопек. Истрагата е меѓународна, а кокаинот е колумбиски. Дрогата стасала во земјава од Италија, потврди техничкиот министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Полицијата освен малата количина кокаин на сопственикот на фирмата му ги одзела сите 98 пакети со банани, рече Чулев не откривајќи повеќе детали каде завршиле стотиците килгорами со бел прав.

Патот на еден тон кокаин започнал во Колумбија сокриен во контејнер со банани кон Италија. Преку Црна Гора и Албанија стига до Македонија, а конвојот од три камиони е следен од македонската полиција до Крушопек.