Коронавирусот пред портите на Хрватска

0
125

Седумте починати и повеќе од 200-те заразени лица ја направија Италија едно од најголемите жаришта на новиот коронавирус. Во соседна Хрватска нема инфицирани луѓе, но интензивно се спроведуваат тестирања.

Во Хрватска сѐ уште нема случаи на заразени од коронавирусот, но се појавија нови сомнежи. Примероците од седумина луѓе од Хрватска кои беа анализирани во текот на ноќта беа негативни на корона вирусот, истакна хрватскиот министер за дравство Вили Берош. Но тој истакна дека во Ријека се хоспитализирани девет хрватски работници кои работеле во Италија поради сомнежи за заразеност. Еден од нив покажува симптоми на болеста, изјави министерот, напоменувајќи дека резултатите од тестирањето треба да бидат познати денеска попладне. Посебно загрижува фактот дека хоспитализираните работеле во фабрика во Италија во која 20 лица се заразени од коронавирусот.