Коронавирусот се одразува врз туризмот, потрошувачката во Југоисточна Азија

0
64

Во југоисточна Азија, во регионот познат по нископлатени работни места и голема потрошувачка, државите од Мјанмар до Филипините имаа предвидување за економски пораст за 2020-та од 6%. Но, сега, никој не е сигурен во тоа.

Смртоносниот коронавирус во Кина негативно се одрази врз туризмот во Малезија, Сингапур и Тајланд, во време кога овие држави го ограничија влезот на туристи поради стравувања од ширење на вирусот. Авионските компании веќе откажаа 25.000 авионски летови. Производствените погони во Виетнам не можат да дојдат до необработени материјали од Кина, зашто коронавирусот предизвика стопирање на процесот за испорака.