Корона вирусот стопи половина трилион долари на најбогатите луѓе на светот

0
88

Ширењето на корона вирусот кој предизвикува голем застој во економијата, особено со потрошувачката и побарувањата во Кина донесе голем пад на вредноста на светските берзански индекси. Намалениот оптимизам за економски раст кај инвеститорите предизвика да се стопат речиси половина трилион долари на најбогатите луѓе на светот.

Проценките се дека вкупната вредност на Топ 500 листата на најбогати луѓе е намалена за дури 444 милијарди долари. Најголеми загуби претрпеле најбогатите како Џеф Безос, Бил Гејтс, Елон Маск, Марк Цукербер, Бернар Арно и други.

Според „Вол Стрит Журнал” последната недела се претвори во најнесреќната за американскиот берзански пазар по финансиската криза од 2008 година. Падот на индексот Дау Џонс за оваа недела изнесуваше 12.4 отсто, на S&P 500 е 11.5 отсто, на Насдак е 10.5 отсто.