Костадинов: Не успеа Мицкоски да го спаси од одговорност нивниот шеф Груевски!

0
82

СДСМ продолжува со заложбата за неселективна правда и правна држава. Основата ја поставија мнозинството пратеници преку изгласаниот Закон за јавно обвинителство, порача портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Законот гарантира независен правосуден систем, но и одговорност и казнивост за сите што прекршиле закон. Тоа е една од основите за напредок на државата кон Европската Унија.

Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Нивната намера да го амнестираат партискиот криминал пропадна.