Кривична пријава против Лила Стојановска поради затајување данок

0
91

Добила 260.000 евра, а преку проекти ветила дека ќе обезбеди 3,5 милиони евра на име на донација за градежната фирма „ДАН – МАК“. За ТВ водителката Лила Стојановска финсиската полиција до скопското обвинителство поднесе кривична пријава за затајување данок. Во финансиска полиција Стојановска била пријавена од градежната фирма „ДАН-МАК“, на која според тврдењата на фирмата, водителката и ветила донација за изготовка на „Проект за интернационална асоцијација за заштита на човекови права“.

Финансиската полиција наведува дека водителката Стојановска во летото 2017 година во три наврати на банкарската сметка добила пари. Вкупно на сметка и легнале 16.095.600 денари. Но, не пријавила данок во висина од 29 илјади евра.

„Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“, наведуваат од Финансиската полиција.