Кризата со пасошите нема да заврши со нивното пристигнување

0
73

Кризата со пасошите нема да заврши на денот кога ќе пристигнат 100 илјади примероци од Германија. Списокот на чекање од над 20.000 граѓани ќе претставува нов предизвик за добивање на овие патни исправи. Овој список се очекува да расте и во наредниот месец, додека резервите се при крај. Граѓаните веќе немаат трпение. Некои велат дека покрај приоритетните случаи, тие имаат и финансиска штета.

Ова машина во Секторот за полициска администрација има капацитет да обработува околу 3.000 примероци на ден. Но, невозможно е толкав број на пасоши да бидаат распределени за еден ден, бидејќи само во Секторот за внатрешни работи во Скопје може да бидат распределени 700 пасоши во еден ден. Човечкиот капацитет на државните службеници е уште помал во другите градови. Но, заменик министерот Нухиу рече дека ова би можело да се реши за неколку дена.

Агим Нухиу, заменик министер за внатрешни работи

„Со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните кои се пријавиле за пасоши, ќе ги ангажираме сите човечки ресурси што ги имаме во Министерството за внатрешни работи онолку колку што ни дозволуваат техничките капацитети. Мислам дека е прашање на денови откако ќе ја добиеме првата нарачка за пасош и секако мојот кабинет смета дека граѓаните кои се пријавиле порано, ќе треба да бидат први“.