Курти во посета на Тирана, ќе се сретне со Рама, Мета и Баша

0
120

Албин Курти утре ќе ја посети Тирана, при што ќе ја оствари својата прва официјална посета како премиер, каде ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама.

На неговата прва официјална посета како премиер, Албим Курти ќе разговара и со други албански официјални претставници, вклучувајќи го и албанскиот претседател Илир Мета, пренесува ТВ каналот Оранјез.

Тој ќе има заедничка прес-конференција со албанскиот премиер.

Курти ја најави посетата за време на интервјуто за „Гласот на Америка“ кога, покрај најавите разговори со албанските власти, рече дека не е против иницијативи за регионална соработка, но дека треба да постои принцип на реципроцитет.

„Додека Албанија ги познава нашите јужни и западни соседи подобро, Косово ги знае нашите источни и северни соседи подобро и ние можеме да бидеме комплементарни во тој поглед“, рече Курти.