Локвенец: Опозицијата по ниту една цена не сака да биде донесен законот за ЈО, присутен е страв од одговорност

0
81

Опозицијата по ниту една цена не сака да биде донесен овој закон, присутен е стравот од одговорност и сакаат прекинување на процесите. Тоа се мотивите, со одложување на средбите. На тет-а-тет средби ги кажуваат овие причини, но пред другите колеги не сакаат јавно да ги споделат, изјави пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Пратеникот Илија Димовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека СДСМ има страв од избори па затоа се обидува да ги услови со донесување на законот за ЈО иако тоа не е услов за добивање датум за преговори со ЕУ.

На ова пратеникот Локвенец рече дека доколку СДСМ имала страв од избори немало да ги побара уште во декември веднаш откако државата не доби датум за преговори од страна на ЕУ.

-Да имаше СДСМ страв од избори немаше одма да ги понуди во декември. За само 2 и пол години резултатите се фапантни и во надворешната политика и внатрешниот развој на државата. Токму поради тоа сметам дека е неумесно да се зборува за некаков страв од избори. Законот за ЈО е од исклучителна значајност. Почетокот на реформите е со правдата и човековите права. Наша интенција е да се покажеме во вистинско светло, и да покажеме дека го заслужуваме членството во ЕУ. Не треба да дадеме алиби некој да ја оспори нашата подготвеност. Забелешките на комисијата не се ништо страшно, може да се направат такви измени, фино подесување преку предлагање на амандмани, рече Локвенец.