МАКРОН ЌЕ ПОДДРЖИ ПРЕГОВОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА АКО ЕК ПРЕПОРАЧА ВО МАРТ

0
69

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе поддржи отворање на преговорите меѓу Македонија и Албанија со ЕУ, но само доколку извештајот на Европската комисија во март биде позитивен за овие земји. Ова е пораката која Макрон ја испрати денеска од Минхенската конференција за безбедност.

„Го чекаме извештајот во март. Ако резултатите се позитивни и се утврди доверба, тогаш треба да бидеме во состојба да ги почнеме преговорите“ – изјави Макрон.

По ваквите коментари на Макрон пак очекувањата се дека тој може да го прекине замрзувањето на преговарачкиот процес за двете земји но и да ги увери останатите лидери на земјите членки на ЕУ дека поддржува проширување.