Маричиќ: Чулев во Крушопек загрози меѓународна акција за борба против дрога

0
83

„Кога сегашниот технички премиер, Оливер Спасовски го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи (МВР) во 2017 година имаше само 1.000 пасоши во депото што е ужасно мала бројка, но проблемот се реши за кратко време. Сега има многу повеќе, тендерот истекува и убеден сум дека техничкиот министер Наќе Чулев нема да биде во можност да најде решение што Владата во многу скоро време“, рече Бојан Маричиќ, главен технички преговарач на Македонија со Европската Унија, во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон“.

Тажна е сликата, вели тој, „да видите дека по доаѓањето на Чулев во МВР има масовен проблем за вадење на лични документи, пасоши, патни исправи“. Овој проблем, но и со поранешната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, ги оцени како „терање на лични и партиски агенди со што се крши Уставот и Законите и се доведува во прашање функционирањето на системот со цел да се помогне на ВМРО-ДПМНЕ на избори“.

Според Маричиќ, и заплената на кокаин во село Крушопек и апсењата „се тажна слика за начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри ги водат институциите во последните неколку недели во кои им е дадена можност според законот за Влада“.

„Во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка по поткрепа на таа лажна слика, за жал, се доведе во опасност една сериозна меѓународна акција за борба против дрога. Акција беше работена повеќе од година дена, почната во време кога Оливер Спасовски беше министер за внатрешни работи и за еден килограм кокаин се доведе во прашање цела меѓународна акција за 1,3 тони“, додаде Маричиќ.