Мигранти меѓу Србија и Унгарија: сакаме мирен живот

0
84

Унгарската полиција соопшти дека привремено затворила еден граничен премин со Србија за да го пресече патот на група мигранти во обид да ја минат границата. Унгарија претходно соопшти дека од декември се зголемил бројот на обидите за илегално преминување на границата.

Неколку стотици мигранти, вклучително и деца, се собраа на границата меѓу Србија и Унгарија за да бараат да им биде дозволен влез во земјите на Европската унија.

Завиткани во ќебиња или вреќи за спиење, многу мигранти го блокираа граничниот премин Ќелебија, по што тој беше затворен за сообраќај.

Десетици деца извикуваа „отворени граници“, додека некои носеа транспаренти „Ние сме бегалци, не криминалци“ или „Бегаме од војна, а не од глад“.