МИЗРАХИ РАЗРЕШЕНА ОД ФУНКЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

0
77

 

Таблата со поранешното име Република Македонија и пресуди на Рашела Мизрахи. Со 62 гласа „за“, 26 „против“ утрово пратениците го прифатија барањето на премиерот Оливер Спасовски и ја разрешија Мизрахи од функцијата министер за труд и социјална политика. За техничкиот премиер, неколкуте прекршувања на законот но и неиусполнетите ветувања се главната причина за ваквата одлука.

„Разговарав за однесувањето лично со колешката Мизрахи . Таа ме убедуваше дека е лошо разбрана и дека ќе даде демант. И после половина час го даде демантот со кој повтори дека ќе плати 5000 евра. Ете затоа е одлуката ваква каква што е.“ изјави Изјава Оливер Спасовски.

Мизрахи пак смета дека наместо да ја критикуваат за нејзината работа, многу често била мета на антисемитски напади. Вели дека ги прифаќа критиките како политичар но не и оние кои се на расна и национална припадност.